Четирикратен германски шампион пред згаснување

Славниот германски клуб Кајзерслаутерн се наоѓа пред згаснување поради финансиски проблеми, пренесува „Билд“. Според информациите од Германија, се очекува Кајзерслаутерн да прогласи банкрот бидејќи минусот на банкарската сметка на клубот изнесува 25 милиони евра, сума која што нема како да се обезбеди.

Управувањето на клубот ќе го преземе акционерски колектив. Платите за фудбалерите во висина од 6.900 евра во рок од три месеци ќе ги подмири Заводот за вработување, а потоа ќе мора да се пронајде план за спас инаку клубот дефинитивно ќе згасне.

Кајзерслаутерн во моментов настапува во третата германска фудбалска лига, а шампион на Германија беше во 1951, 1953, 1991 и во 1998 година.

Се вчитува...