Четворица Сенегалци на проба во Шкупи

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи тестира четворица интернационалци од Сенегал. Тие се приклучија на тимот на Зекирија Рамадан во Турција и во наредните неколку дена ќе се обидат да заслужат договор во клубот од Чаир. Шкупи се подготвува за дуелите со Глазгов Ренџерс во Лигата на Европа, а последното засилување е голманот Игор Алексовски, кој дојде од редовите на Вардар.

Четирите потенцијални засилувања од Сенегал се играчи од сите линии во тимот. Папе Сејду Ндаје е голман, и доаѓа од шампионот на оваа земја, Џараф Дакар. Муса Мароне игра на левата крилна позиција, Мади Фати е напаѓач, додека Фаустин Сенгор е играч од средниот ред. Сите тројца досега биле членови на тамошниот прволигаш Епи Каза Спорт.

 

Се вчитува...