Четворица уапсени во Бугарија за расистичките навреди кон Англичаните

Бугарската полиција уапси четири лица за кои се сомнева дека се поврзани со расистичкиот инцидент на евроквалфикацискиот натпревар во Софија пред два дена кога беа навредувани репрезентативците на Англија. Ова е резултат на истрагата спроведена за случајот кој предизвика бурни реакции во фудбалската јавност.

Поради случајот на инсистирање на премиерот, Бојко Борисов, претседателот на бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов поднесе оставка. УЕФА покрена процедура за казнување на Бугарија која секако беше под санкции поради претходен инцидент со расизам.

Натпреварот во понеделникот, двапати беше прекинуван поради расистички навреди, а англиските репрезентативци сакале и воопшто да не го продолжат дуелот.

Се вчитува...