„Четворка“ за Сара Ристовска против европските шампионки

Сара Ристовска и ЦСКА Москва не успеаја да го земат скалпот на европскиот првак Кристјиансанд, откако рускиот состав денеска загуби на домашен терен од норвешкиот гигант со 28-32.

Гостинките го искористија неиграњето на Михоличенко и од самиот почеток наметнаа силно темпо, со брза игра создавајќи им големи проблеми на Ристовска и нејзините тимски колешки. Кристијансанд по првото полувреме имаше водство од три гола (13-16), што го претвори во конечен триумф од „плус четири“.

Ристовска постигна четири погодоци на овој натпревар, најефикасна кај ЦСКА беше Грос со девет погодоци, додека прв стрелец во победничкиот табор беше чешката репрезентативка Јерабкова со осум постигнати гола.

Се вчитува...