Четврти пораз на ТФТ во АБА 2

Ниту во четвртиот обид, кошаркарите на ТФТ не дојдоа до првиот триумф во АБА 2 Лигата. Крка беше подобар противник, и на крајот славеше со 10 разлика (93-83).

Избраниците на Боро Смилковски одлично го отворија мечот, и имаа константно водство во првата четвртина, која ја добија со 18-12. Но, во вториот период целосно потфрлија и целосно анемични, па така Крка со 25-10 направи целосен пресврт и со предност од 43-31 заминаа на полувреме.

 Во вториот дел не се смени ништо, па така третиот период Крка продолжи да ја гради предноста, и на крајот од третата четвртина имаше плус 17.

Четвртата четвртина веќе немаше мотив, па така ТФТ ја доби со 29-22, но недоволно да се избегне поразнот.

Андерсон од ТФТ беше најефикасен со 20 поени, додека Спан кај Крка постигна 13, заедно со него Вучиќ исто со 13 поени.

Се вчитува...