Четврти пораз за Вардар во Аланија: И Черно Море ги победи „црвено-црните“

Македонскиот вицепрвак Вардар продолжува со лоши резултати на зимските подготовки во Турција. Тимот на Александар Васоски го доживеа и четвртиот пораз, откако денеска загуби со 2-0 од бугарскиот состав Черно Море.

„Црвено-црните“ настапија со помлади сили, а тоа наметна Черно Море да биде подобар ривал на овој меч. Бугарскиот тим поведе со погодокот на Аристот Ндонгала во 37.минута. По слабата реакција на одбраната на Вардар, тој доби топка во шеснаесетникот и со силен удар откосо од десната страна ја погоди мрежата.

Во вториот дел, Черно Море постигна уште еден погодок. Стрелец беше Мехди Фенуш во 74.минута од мечот.

Се вчитува...