Четврти триумф во пет меча за Рајо, мирна мрежа за Столе Димитриевски

Рајо Ваљекано оствари значајна победа (0-1) на гости против Алавеш и побегна од опасната зона на табелата во Ла Лига. Тоа е четврти триумф за Рајо во последните пет меча, а овојпат мрежата на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски остана да мирува.

Раул де Томас во 47.минута беше стрелец на победничкиот погодок за Рајо Ваљекано, а Димитриевски имаше уште еден одличен настап на голот. По 21 коло, Рајо Ваљекано се наоѓа на 17.позиција на табелата во шпанскиот шампионат со 23 освоени бода.

 

Се вчитува...