Чез Вилијамс од Пелистер се пресели во Кожув

Кожув продолжува со засилувањата за наредната сезона откако гевгелискиот прволигаш денеска го комплетираше трансферот на Чез Вилијамс.

Станува збор за американски плејмејкер кој и ланската сезона настапуваше во македонското првенство, како дел од тимот на Пелистер што регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место. Тој потоа не доби шанса во плејофот, поради лимитираниот број на странци по доаѓањето на центарот Силаџи, па Вилијамс реши летово да ги промени клупските бои и ја прифати понудата на Кожув.

Американецот е второ засилување од Пелистер во Кожув, откако во Гевгелија претходно се пресели и Нацевски. Покрај нив, Кожув осетно се засили и во борбата под обрачите, откако од Работнички беше доведен Кире Николовски.

Се вчитува...