Поранешниот селектор и екс тренер на Вардар Андон Дончевски, со писмо се прости од Васил Рингов, кој почина вчера на 70-годишна возраст и ја остави фудбалска Македонија во тага.
Дончевски се присети на моментот кога Рингов со глава го постигнал еден од најважните голови за Вардар.
„Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер а он како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут.
Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува збор за фудбалер од посебен калибар кој ќе го преземи товарот и го вратиме Вардар онаму каде и заслужува да биде. Верував дека тој го постигна еден од најважните голови за Вaрдар – иако чудно, со глава – гол што значеше многу повеќе од резултат.Таквите моменти не се забораваат. Таквите луѓе не се заменуваат.Почивај во мир, Василе. Честа беше да соработуваме, гледаме и да те паметиме.
Вечна ти слава“, напиша Дончевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

