Чиле го скрши отпорот на Камерун

Чиле со победа го стартуваше настапот на Купот на Конфедерации откако јужноамериканскиот првак славеше над Камерун со 2-0.

Победата на Чилеанците е апсолутно заслужена ако се знае дека оваа селекција доминираше од првата минута, кога Варгас го погоди дирекот, па се до самиот крај. Чиле имаше и поништен гол преку ВАР технологијата, пред во 80. минута конечно да поведе со 1-0.

Артуро Видал беше стрелец на победничкиот гол на асистенција на Алексис Санчез, кој поради повреда не можеше да стартува, но влезе во игра да помогне кога беше најважно за неговата репрезентација. Конечните 2-0 во судиското продолжение ги постави Еду Варгас.

A Vidal Goal Cameroon 0 – 1 Chile by smoki-bobi

Eduardo Vargas Goal HD – Cameroon 0-2 Chile 18… by riqezi

Се вчитува...