Чиле остана без селектор

Селекторот на Чиле, Едуардо Берисо поднесе оставка од функцијата. Аргентинецот соопшти дека нема да ја води селекцијата по ремито 0-0 со Парагвај во квалификациите за Мундијалот во 2026 година. По пет меча Чиле е на осмото место на табелата со осум бодови.

Берисо беше селектор од мај 2022 година. Под негово водство селекцијата од 16 меча оствари само четири победи. Тој се надева дека оставката ќе ја намали тензијата во националниот тим и дека Чиле ќе почне да бележи добри резултати.

„Резултатите не се според очекувањата. Сакам да им се заблагодарам на сите што работеа со мене. Селекцијата има уште шанси да се пласира на следниот Мундијал. Јас се надевам дека ситуацијата ќе се подобри и ќе го видиме Чиле на Светското првенство“, рече Берисо.

Се вчитува...