Чилиќ го шокираше Андреј Рубљов

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ја приреди најголемата сензација на шестиот ден од годинашното издание на Австралија опен откако славеше над фаворизираниот Русин, Андреј Рубљов со 3-1 по сетови 7-5, 7-6, 3-6 и 6-3.

Гркот Стефанос Циципас славеше со 3-1 по сетови (6-3, 7-5, 6-7 и 6-4), против Французинот Беноа Пар, додека вториот носител Данил Медведев со максимални 3-0 (6-4, 6-4 и 6-2) го совлада Холанѓанецот, Ван де Зандшулп.

Пласман во осминафиналето обезбедија и Оже Алиасим, Јанис Синер, Тејлор Фриц…

Кај дамите немаше изненадувања и фаворитките Халеп, Мертенс, Сабаљенка и Свјонтек продолжија понатаму.

Се вчитува...