Чилиќ поради труење со храна го предаде мечот против Ѓоковиќ во Мадрид

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ поради труење со храна, го откажа настапот во четвртфиналето од Мастерсот во Мадрид, против првиот тенисер на светот Србинот Новак Ѓоковиќ.

„Жал ми е што морам да објавам дека се повлекувам од денешниот меч. Имав грозна вечер, борејќи се со последиците од труењето со храна. Страшно сум разочаран што мојот настап во Мадрид заврши на ваков начин. Им благодарам на сите на поддршката и се радувам на враќањето тука следната година“, напиша Чилиќ. 

Хрватот сезонава е во лоша форма. По испаѓањето во осминафиналето на Австралија опен, тој до турнирот во Мадрид триумфираше само на еден натпревар и тоа во Индијан Велс против Душан Лајовиќ.

 

Се вчитува...