Чилиќ со прв триумф на турнирот во Лондон

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ја оствари првата победа на завршниот турнир во Лондон. Тој го совлада Џон Иснер со 2-1 во сетови по повеќе од два часа исцрпувачка тениска битка.

Американецот Иснер го доби првиот сет по тај-брејк. Во 13.гем тој беше многу поконцетриран и успеа да го освои на поени со 7-2. Но, Марин Чилиќ потоа успеа да ја врати смиреноста во играта, и тоа даде резултат. Хрватот го освои вториот сет со 6-3 во гемови, и мечот отиде во решавачки трет сет. Чилиќ и во него брзо дојде до брејк, го освои сервисот на Иснер, а потоа и успеа да слави со 6-4 во гемови, за прв триумф на турнирот во Лондон. Со ова, Новак Ѓоковиќ веќе и официјално е полуфиналист.

Се вчитува...