Чиро Имобиле го реши Наполи, Елмас доби шанса во финишот

Лацио ја продолжи победничката низа во Серија А совладувајќи го Наполи на „Олимпико“ со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Чиро Имобиле во 82.минута од средбата, откако ја искористи грешката на голманот на гостите Оспина. Тој сакаше да дрибла, ја загуби топката од Имобиле и беше казнет за индолентното однесување. По ова „лацијалите“ се на третата позиција на табелата со 42 бода, три помалку од Интер и од Јувентус.

Наполи е непорепознатлив и со Џенаро Гатузо на кормилото. Тој му даде шанса на Елиф Елмас во самиот финиш. Македонскиот интернационалец влезе во игра во 88.минута на местото на Хозе Калјехон.

Се вчитува...