Италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле одлучи да ја продолжи верноста кон Лацио и за наредните пет сезони. Тој потпиша нов договор со римскиот клуб до 2025 година. Со ова раководството на клубот ја исполни желбата на тренерот Симоне Инзаги да го задржи најдобриот европски стрелец за минатата сезона.
Лацио по подолг период ќе игра во Лигата на шампионите, а Имобиле е еден од носителите на играта на тимот. Минатата сезона беше стрелец на 36 гола во Серија А со што ја заслужи “Златната копачка”.
Имобиле имаше опција да се пресели во Премиер-лигата, но на крајот сепак одлучи неговата желба со Лацио да игра во најквалитетното европско фудбалско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА