Чиста десетка за Фемили: „Не ми треба мене титула“ ечи и пола час по завршување на финалето (ВИДЕО)

МЗТ Скопје не успеа го прослави првиот интернационален трофеј со своите навивачи откако во финалето на АБА2 лигата загуби од Златибор по дополнителни пет минути. Аеродромци имаа „минус“ 21 во првите 30. минути, а на крилја на фантастичната публика успеаја да стигнат и до целосен пресврт во вториот дел, но за жал не и да стигнат до трофејот по дополнителни пет минути.

Фактот дека МЗТ Скопје не успеа да го освои трофејот по продолжението не ги спречи најверните навивачите и 30. минути по завршување на средбата да продолжат да ги бодрат своите миленци, а интересно додека гостите го креваа трофејот во позадина ечеше „Не ми треба мене титула“

Песната на „Фемили“ ги врати на терен и кошаркарите на МЗТ Скопје пред кои сега е предизивкот за продолжување на доминацијата на домашно тло.

Се вчитува...