„Чиста скандинавска перфекција“ – Норвежанките се нови „ракометни кралици“

Репрезентацијата на Норвешка стигна до титулата на Светското ракометно првенство во Шпанија откако во финалето славеше над големиот ривал Франција со 29-22. Неверојатно второ полувреме одиграа Норвежанките во кое покрај тоа што успеаја да ја анулираат негативата од полувреме на крајот стигнаа и до убедлив триумф од 29-22.

Се почна одлично со Французинките. Одиграа неверојатно во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 16-12. Сепак, во второто полувреме се разработи „норвешката машинерија“ и на актуелниот олиммписки шампионки му дозволи само шест гола и на крајот стигна до триумф од 29-22.

Рејстад со шест гола беше најпрецизна во таборот на шампионките, додека кај Французинките четири гола постигна поранешната вардарка, Алисон Пино.

Ова за Норвешка е четвртата титула на Мундијалите со која се израмни на врвот на вечната листа со Русија, додека Французинките остануваат трети со три освоени златни медали на Светските првенства.

Се вчитува...