Чистка во Баерн по лошата сезона: Продажба на седум „ѕвезди“ со вкупна вредност од 340 милиони евра

По 11 едноподруго трофеи во Бундеслигата, Баерн Минхен заврши една очајна сезона за себе во која остана без трофеј на сите три фронта.

По дебаклот, од клубот заминува тренерот Томас Тухел а „Билд“ пренесува дека него ќе го следат и седум големи „ѕвезди“ на тимот. Баерн подготвува чистка во тимот како би формирал комплетно нов состав за следната сезона.

„Ќе има комплетно реновирање на тимот. Новиот тренер ќе има сериозна задача затоа што на клубот му треба голема чистка за да ги пренасочи десетиците милиони евра потребни за засилувања“ – пишува „Билд“.

Веќе се именуваат седумте фудбалери кои ќе бидат на продажба, а чија вкупна вредност изнесува околу 340 милиони евра.

На листата на фудбалери кои се планираат за продажба се Серж Гнабри, кој иако има договор до 2026 година пречесто се повредува, и сигурно Баерн сака да се ослободи од него. И Кингсли Коман не е некој на кој тимот може да се потпре, а желбата е ослободување и на Џошуа Кимих кој е еден од најтешките карактери во соблекувалната. Во желбата за освежување на средниот ред, интенција е продажба на Леон Горецка и Дајот Упамекано, додека Алфонсо Дејвис би можел кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Пред заминување е и Нусаир Мазрауи кој, исто така, често се повредува поради што Баерн зимава како скапа алтернатива го доведе Саша Бои. Се очекува да се врати и Јосип Станишиќ од позајмицата во Баер Леверкузен, па и Мазрауи би бил вишок.

Се вчитува...