Чистка во Фенербахче – шест играчи го напуштија клубот

Фенербахче по разочарувачката сезона во која беше запрен од ЦСКА Москва во четвртфиналето на Евролигата, а потоа доби и „метла“ од Ефес во домашното првенство ќе направи целосен „ребилдинг“ на тимот.

Турскиот состав денеска објави прекин на соработката со шест играчи: Џандан Беркај, Кенан Сипахи, Кајл О’Квин, Алекс Перез, Џони Хамилтон и Лоренцо Барун, а во претходните денови од клубот замина и Литванецот, Едгарас Улановас.

Овие играчи пристигнаа во клубот во претходните две сезони, но не ги исполнија очекувањата. И покрај лошата сезона на клупата се очекува да остане Игор Кокошков, а сега српскиот стратег ќе има слобода да состави тим по своја желба со цел враќање на врвот на Европа и славата од сезоната 2016/17 кога истанбулскиот тим во освои најсилното натпреварување на „стариот континент“.

Се вчитува...