„Чистката“ во Барселона почнува со тројца играчи

Во Барселона во летниот преоден рок ќе се случуваат големи промени во играчкиот кадар. Јасно е дека тренерот Чави уште од сега има план кои фудбалери ќе си заминат, а потоа клубот ќе донесе нови засилувања.

Уште од сега Чави има донесено одлука кои играчи нема да му требаат за новата сезона, а листата е долга и звучна. Сепак, таа почнува со тројца играчи кои се на излезни врати од тимот.

Станува збор за Лук Де Јонг кој се враќа во Севилја откако ќе му заврши позајмицата, потоа Адама Траоре кој исто така се враќа во тимот на Вулверхемптон, а нема да продолжи во Барселона ниту Мартин Брајтвајт. Де Јонг повремено добиваше шанса и даде некој гол, Адама добро тргна, но потоа се почесто се најде на клуипата, а Брајтвајт ретко кога добиваше прилика откако Чави дојде на клупата.

Се претпоставува дека овие тројца нема да бидат единствените кои ќе го напуштат „Ноу Камп“. По нивните чекори ќе тргнат и Умтити, Ленглет, Пуиг, Мингуеза, Нето, Дест…

Сосема е јасно дека Барса од идната сезона ќе биде засилена со Франк Кеси од Милан и со Андрес Кристенсен од Челси.

Се вчитува...