Чистката во Милан продолжува: Шут-карта и за двајца фудбалери

Иван Газидис е решен да изврши коренити промени во Милан во најскоро време. Веќе му беше врачен отказ на Звонимир Бобан, а слична судбина го очекува и Паоло Малдини. Избројани се и деновите на тренерот Стефано Пиоли, на чие место ќе пристигне Ралф Рангник, а се подготвува и листата на фудбалери за кои нема иднина на „Сан Сиро“.

Двајца играчи кои сигурно нема да бидат во тимот следната зезона се Лукас Билја и Џакомо Бенавентура. Аргентинецот Билја пристигна во клубот како големо засилување од Лацио, но никогаш не ги оправда очекувањата. Бонавентура имаше добри периоди, но честите повреди го исфрлија од ритам, па  сега и тој, исто како и Билја нема да добие нов договор. Актуелните договори со двајцата првотимци истекуваат на крајот од јуни, по што тие ќе можат без никаква отштета да си заминат од клубот.

Златан Ибрахимовиќ исто така е на излезна врата поради недовербата во Газидис, а на сличен чекор би можел да се реши и голманот Донарума, кому му здодеаа да чека да се исполнат ветувањата за повторно создавање на моќен Милан.

Се вчитува...