„Чистката“ во ПСЖ може да почне, „светците“ ја одредија цената на Нејмар!?

ПСЖ ја одредил цената на Нејмар и Бразилецот ќе биде продаден доколку пристигне понуда од 90 милиони евра. „Светците“ летоска ќе прават чистка, планот е да се ослободат од шест до седум фудбалери. Анхел Ди Марија ќе биде еден од првите кои ќе го напуштат „Паркот на Принцовите“, договорот на Аргентинецот истекува и ПСЖ не му нуди нова соработка.

Според пишувањата на „Скај Спортс“, следни на листата за „отстрел“ се Тило Керер, Лајвин Курзава, Јулијан Дракслер и Леандро Паредес. На излезна врата е и Нејмар, Бразилецот не ги оправдува очекувањата и се говори дека тој може да замине, особено доколку еден ваков потег придонесе Килијан Мбапе да остане.

Според „Скај Спортс“, ПСЖ бара најмалку 90 милиони евра за услугите на Нејмар и ова е сумата потребна за Насер Ал Келаифи да седне на преговарачка маса. Нејмар се пресели во ПСЖ во 2017 за сума од 222 милиони евра, рекорден трансфер кој сигурно нема да биде соборен во блиска иднина.

Се вчитува...