„Чкембари“ бараат решение за спас на ФК Пелистер

Навивачката група на Пелистер, „Чкембари“ излезе со соопштение во кое бара од општина Битола и новата управа да пронајде решение за спас на битолската гордост.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштени на „Чкембари“.

„За да ја разјаснеме целата ситуација во клубот и нашата улога во иститот ќе одеме по хронолошки редослед. Уште во Јануари оваа година претходниот претседател на клубот Пеце Стојчевски испрати барање до Општина Битола дека нема веќе финансиски средства да го раководи клубот и замоли за изнаоѓање на решение за истиот. Тогашната управа сите финансиски средства од Општина Битола предвидени за користење за цела календарска година ги искористи до месец Мај, односно до завршување на натпреварувачката сезона. Пред почетокот на наредната сезона клубот остана без играчи и со одреден долг кој се закануваше на Пелистер дека доколку истиот не го подмири ќе биде исфрлен од прва лига. Со наша заложба на состанок со тогашната градоначалничка излобиравме за финансиски средства кои го покрија тој долг. Пред почетокот на сезоната се соочивме со управа во оставка, клуб без фудбалери и празна каса. Ние како група во тој период отстваривме неколку состаноци со бизнисмени, од почит спрема нив имињата не им ги споменуваме, со фудбалски менаџери, легенди на Пелистер… Многу идеи но и далеку од конкретен чекор за решавање на прашањето на Пелистер. Потоа се појави и Христо Кондовски кој донираше 500.000 денари, средства кој беа доволни за да можеме да регистрираме какви такви фудбалери само да не играме со младинци. Потоа дојде и до преговори помеѓу Кондовски и Стојчевски за целосно превземање на клубот. Во преговорите не бевме вклучени но знаевме дека се одвиваат. Дојде до договор, и фирма предводена од Коруновски го превзеде раководењето со Пелистер. Како решение против кое ние немавме ништо против, им посакавме среќа и умешност за во иднина. Дојдоа и локалните избори. Домашниот есап на некој не му излезе на пазар и како по обичај жртва е тука ФК Пелистер. Во меѓувреме клубот отсваруваше ужасни, односно отстварува ужасни резултати, на кои ние НЕ ОСТАНАВМЕ НЕМИ. Бевме повикани од многумина како новата управа нас не изневери и ние не сме реагирале. Но еве ја вистината. Новата управа редовно ги подмирува финансиските барањата, но нема ни план ни стратегија како понатаму, нема резултати… Најпрво отстваривме средба со новиот градоначалник Коњановски и секретарот Димитровски. На истата им ја објаснивме ситуацијата во која се наоѓа клубот. Потоа отстваривме и средба со Кондовски и Коруновски, на која ни беше презентирана нивната замисла но и потреба од дирекна соработка со Општина Битола. Исто така ни беше и кажано дека клубот имал некои долгови спрема фирма на Пеце Стојчевски. Ги повикуваме надлежните органи да проверат како е можно сопственикот на клубот сам на себе да си фактурира сметки од друга негова фирма. Истите не ги подмирил и сега бара друг да му ги исплати а се направени додека тој самиот беше сопственик. Потоа организиравме и средба помеѓу Пеце Милевски и Коруновски. На истата беа и презентирани двете гледишта за како понатаму со Фк Пелистер. Најавени се и дирекни и конкретни средби за во блиска иднина помеѓу двете страни. Ја замолуваме Општина Битола, како институција кој располага со средства од граѓаните и е задолжена да го штити јавниот интерес на граѓаните, а Пелистер е од јавен интерес да се заангажира и да не се откажува од клубот во која е и самата сопственик. Ја замолуваме и сегашната управа, да продолжи да го управува клубот да се избори да најде заедничко решение со Општината се додека не се изнајде некое подобро и трајно решение“, стои во соопштението на „Чкембари“.

 

Се вчитува...