Чкембари: Која е улогата на Трајко Славевски во носењето на Стојановски за тренер

Фудбалскиот клуб Пелистер испадна од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако во неделниот бараж натпревар претрпе пораз од екипата на Шкендија Арачиново.

Овој резултат предизвика силно незадоволство во Битола, особено кај поддржувачите на клубот, кои испаѓањето во понизок ранг го оценуваат како сериозен спортски неуспех. Вечерва со официјално соопштение се огласи и навивачката група „Чкембари“. Во своето обраќање, кое го пренесуваме во целост, навивачите упатуваат остри критики до одговорните структури и бараат итна одговорност за состојбите во клубот.

„По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е кривицата за овај пораз не само на Пелистер туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но на се иди крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:

1. Иако знајме дека договорите ви се направени со дискретционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била испаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!

2. Да се понеси одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она шо беше ,,прикажано” на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?

Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе.

ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО!!“, стои во соопштението на Чкембари. 

Се вчитува...