Чкембари разочарани: „Бабиќ пешки нека фати пат за Струга, не го заслужувате овој дрес,

Ракометарите на Вардар веројатно ќе успеат да ја одбранат титулата во домашниот шампионат откако вчера славеа голем триумф на гостувањето кај вечниот ривал Еурофарм Пелистер со 23-26.

По мечот најверните навивачи на битолскиот клуб „Чкембари“ беа многу разочарани од претставата на нивните миленици, а особено од тренерот на клубот Жељко Бабиќ.

Тие на социјалните мрежи им порачаа дека не го заслужуваат „зелено-белиот“ дрес, а на Бабиќ му предложија пешки да фати накај Струга, како одговор на одлуката на шефот на стручниот штаб, како би го намалил притисокот кај ракометарите тие пред дербито да заминат во карантин во градот покрај Охридското езеро.

Се вчитува...