Чолаковски: Благодарен сум на Македонија што ми даде шанса да играм против селекција како Франција

Стефан Чолаковски во септември го имаше деби настапот за младинската репрезентација на Македонија во мечевите против Франција и Србија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2023 година.

Младиот фудбалер кој настапува за австралискиот, Мелбург сити вели дека е благодарен на Македонија што му дала шанса да игра против репрезентација каква што е Франција.

„Беше неверојатно искуство за мене. Од мал сонував да играм репрезентативни натпревари и навистина сум и благодарен на Македонија која ми даде шанса да играм против репрезентации како Франција и Србија. Франција е една од најдобрите репрезентации во светот. На мечот го имаа Едуардо Камавинга кој само неколку дена подоцна стрелаше за првиот тим на Реал Мадрид“, изјави Чолаковски. 

Чолаковски поради рестрикциите поврзани со ковид-19 кои ги има во Австралија не можеше да присуства во квалификациските мечеви во октомври, а нема да биде на располагање ниту на мечевите кои ќе се играат против Украина и Франција овој месец.

 

Се вчитува...