Чолаковски донесе голема пресврт победа за Перт Глори (ВИДЕО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија Стефан Чолаковски игра во одлична гол-форма сезонава во најсилната лига на Австралија, носејќи уште една победа за Перт Глори.

Во 17. коло од А-лигата на Австралија, Перт Глори со пресврт славеше со 3-2 на домашен терен против Бризбејн Роар.

Гостите имаа предност од 1-2 се до последните 15 минути од средбата. Но, домашните преку Тагарт во 73. минута израмнија на 1-1, а потоа на сцена стапи македонскиот напаѓач кој во 78. минута постигна гол за победа од 3-2 на својот тим.

Ова е петти гол сезонава за 23-годишниот Чолаковски во најсилниот шампионат на Австралија, од кои три има постигнати во последните седум натпревари.

Се вчитува...