Чолаковски стрелец за Мелбурн сити во поразот од Њукасл џетс (ВИДЕО)

Потенцијалниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски, запиша нов погодок во дресот на Мелбурн сити

Чолаковски погоди во 9. минута против Њукасл Џетс за водство од 1-0, но противникот до крајот на мечот успеа да стигне до пресврт од 1-2.

Стефан Чолаковски ја прифати поканата на Благоја Милевски во иднина да настапува за младата репрезентација на Македонија која во септември го почнува новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП.

Се вчитува...