Чолева не знае што го чека: Уверен сум дека во Скопје ќе славиме пласман на СП

Македонската ракометна репрезентација е на добар пат да избори место на собирот на најдобрите светски репрезентации откако гостувањето кај незгодната Чешка го заврши со реми од 24-24. Избраниците на Лазаров имаа и предност од седум гола во еден момент од мечот, но на крајот Чесите успеаја да извлечат реми пред гостувањето во Скопје.

Матијас Чолева, младиот репрезентативец на Чешка, е полн со оптимизам пред гостувањето во Скопје в недела.

„Натпреварот беше многу тежок. Отворивме лошо и нервозно, што резултаираше со негатива од седум гола. Сепак, се вративме во вистински момент и останавме непоразени. Самиот јас бев многу нервозен, но како доминуваше натпреварот самодовербата се враќаше и знаев дека можеме да се вратиме во игра. Сега сум уверен дека ќе стигнеме до позитивен резултат во Скопје и ќе патуваме на Мундијалот“, вели Чолева.

Се вчитува...