Чоло изјави зошто не сакаше да се поздрави со Клоп: Не е здраво да се ракуваме

Атлетико Мадрид загуби на домашен терен од Ливерпулс со 2-3 во неверојатниот натпревар од 3. коло во Лигата на шампионите.

По завршувањето на мечот тренерот на „душекчиите“, Диего Симеоне не сакаше да се поздрави со неговиот колега Јирген Клоп, а подоцна за медиумите и откри зошто го направил тоа.

„Не го поздравувам противничкиот тренер по натпревар бидејќи тоа не ми се допаѓа. Не е здраво ниту за победникот, ниту за поразениот. Јас за тоа мислам така. Сега ако го видам ќе го поздравам без никаков проблем“, изјави Симеоне. 

 

Се вчитува...