Чоло: Лошо е, но верувам во моите момци

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, посочува дека неговиот тим се наоѓа во исклучително тешка ситуација, по поразот од Челси во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите (1-0), но верува дека неговиот тим може да се извлече од оваа негатива.

„Јорганџиите“ загубија од „сините“ во Букурешт, каде беа домаќини и сега имаат тешка задача да се пласираат во четвртфиналето на елитното натпреварување.

„Се наоѓаме во лоша ситуација, не само поради овој пораз, туку генерално во последно време. Резултатите не се на посакувано ниво. Но, мора да започнеме, да тренираме напорно и да се обидеме да излеземе од оваа криза. Верувам во моите момци. Челси има гол предност, а ние имаме 90 минути да се обидеме да свртиме сè во наша предност “, изјави е Симеоне.

Аргентинецот е свесен дека неговиот тим не одигра добро на првиот дуел, па тој вели дека ваква игра никогаш повторно не треба да биде прикажана.

„Требаше да бидеме подобри во играта на транзиција. Во неколку наврати можевме да ја преземеме контролата над нападот, но ни недостасуваше прецизност при додавањето. Се на се, натпреварот не донесе многу шанси, екипите се бореа силно. На крајот тие победија “, додаде Чоло.

Реваншот на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде одигран на 17 март.

Се вчитува...