Човек за јубилеи – Меси го постигна голот број 6.000 за Барса во „Ла Лига“

Барселона славеше со 3-0 на дуелот со Алавес, триумфално почнувајќи ја одбраната на трофејот во „Ла Лига“. Мечот сепак ќе остане запишан во историјата на каталонскиот гигант бидејќи на него беше постигнат голот број 6.000 на Барселона во елитното шпанско фудбалско друштво.

А го постигна кој друг, ако не Лео Меси, кој со прекрасен слободен удар, ја смести топката под живиот ѕид, во мрежата на гостите. Меси е мајстор за јубилеи во Барса, а мора да се истакне дека тој претходно го постигна и 5.000 гол во „Ла Лига“, како и погодоците број 5.100, 5.300, 5.400 и 5.900.

На 2-0 зголеми Кутињо со убав погодок по една прекрасна соло-акција, за конечните 3-0 да ги постави Меси, за точка на овој премиерен меч на „Камп ноу“ од новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...