Човекот поради кој беше суспендирана НБА излечен од Ковид-19

Кошаркарите на Јута Џез, Руди Гобер и Донован Мичел успешно се излечија од Ковид-19, потврдија од клубот од Солт Лејк Сити.

Руди Гобер беше првиот заразен кошаркар во НБА, поради кого комесарот на лигата, Адам Силвер мораше да го суспендира натпреварувањето на неопределено. Голем дел од американската јавност го нападна Французинот, бидејќи само неколку дена претходно тој на прес-конференција се шегуваше со опасната болест.

 

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport) on

Се вчитува...