Човекот што ги „шокираше“ Меси и Аргентина седнува на клупата на Франција

По нешто повеќе од три години на клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија, Ерве Ренард го напушта кормилото и ќе ја преземе француската женска фудбалска репрезентација.

Како што пишуваат француските медиуми Ерве Ренар ќе ги преземе француските фудбалерки, по преговорите меѓу Француската фудбалска федерација и таа на Саудиска Арабија. Р

Ренар веќе собира помошници за француската репрезентација и тоа Ерик Блејк и Лоран Бонадеи. Инаку, претседателот на Олимпик  Лион, Жан Мишел Ола, наводно игра важна улога во овој бизнис. Тој беше активен во потрагата по нов тренер бидејќи претходниот тренер Корин Диакре доби отказ поради лошиот однос со фудбалерките.

Ренард ги предводеше Саудијците во Катар во победата над Аргентинците во првото коло, а познат беше и неговиот говор во соблекувалната на полувремето, по што тимот направи големо чудо.

Се вчитува...