Човиќ до Партизан: Еве ви ги и АБА и Евролигата, само да се спасат животи…

АБА-лигата е прекината, сите клубови се со свои „математики“ дали и како треба да продолжи регионалното натпреварување, чиј шампион автоматски обезбедува и влез во Евролигата за наредната сезона.

Партизан како актуелен лидер инсистира доколку сезоната биде прекината „црно-белите“ да се прогласат за шампиони, додека капитенот на Црвена Звезда, Бранко Лазиќ, гласно порача дека сезоната треба целосно да биде поништена, додавајќи дека тоа би бил негов став и доколку „црвено-белите“ беа лидери на табелата.

Препукувањата продолжуваат, но денеска со изјава се јави првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ, кој бара страстите да се смират бидејќи спортот не може да биде приоритет во моментов.

„Сведоци сме на многу неодговорни изјави. Кој нормален сега размислува за спорт, кога пред нас се случува нешто неверојатно. Ќе се воздржам да дадам пожестоки коментари на оваа тема… Еве ви ги и АБА и Евролигата, само да сочуваме животи“, изјави Човиќ.

Се вчитува...