Човиќ го „пецка“ Партизан: Да го имав јас Жељко Обрадовиќ, ќе ја освоев Евролигата

Црвена Звезда со „метла“ против Партизан стигна до титулата во АБА-лигата, а првиот човек на „црвено-белите“, Небојша Човиќ, веднаш најде нов начин да ги „пецне“ вечните ривали.

Тој во изјава за српските медиуми истакна дека фамата што Партизан ја создаде околу Жељко Обрадовиќ морала да биде подобро искористена и дека резултатите на „црно-белите“ предводени од овој шампионски тренер се далеку под очекувањата.

„Да го имав јас Жељко Обрадовиќ за тренер и волку пари, сигурно ќе освоев најмалку една титула во Евролигата. И да се разбереме, Црвена Звезда е државен проект со 40 и нешто проценти, но транспарантен државен проект. Можат да се лутат колку сакаат, но Партизан исто така е државен проект, и тоа нетранспарентен“, изјави Човиќ.

Тој се осврна и на коментарите од таборот на Партизан поврзани со судењето и помошта што Црвена Звезда ја добила во оваа финална серија.

„Сите очекуваа дека ќе има пет меча во ова финале, но ете, се се заврши во три меча. Судискиот фактор не решаваше на ниту еден од трите меча, би било добро луѓето кои прават грешки да не бараат алиби кај судиите. Тоа е лоша навика од некои поранешни времиња“, порача првиот човек на Црвена Звезда.

Се вчитува...