Човиќ: По Обрадовиќ – Александар Вучиќ за тренер на Црвена Звезда

Првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ, во изјава за Прва ТВ истакна дека во иднина би му дал шанса на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ да стане тренер на „црвено-белите“. Вучиќ неодамна изјави дека кога ќе ја заврши политичката кариера би сакал да се испроба како кошаркарски тренер, по што следеше реакција на Човиќ.

„Гледам дека Вучиќ планира да стане тренер. Ние со ангажманот на Саша Обрадовиќ го решивме тренерското прашање за следните осум години. Но, кога Обрадовиќ ќе си замине – го имаме извонредниот тренер Александар Вучиќ. Со ова ја завршуваме кадровската политика за еден подолг рок. Се шегувам, но и не се шегувам“, прокоментира Човиќ.

„Црвено-белите“ во српската јавност се посочувани како клуб со најголема поддршка од Вучиќ, денешната изјава на Човиќ само додава масло на тој оган.

Се вчитува...