Човиќ: Прв избор за тренер на Црвена Звезда беше Ласо

Црвена Звезда денеска го реши тренерското прашање по заминувањето на Дејан Радоњиќ, именувајќи го Владимир Јовановиќ за шеф на стручниот штаб за наредната сезона.

Сепак, првиот човек на АБА-шампионот, Небојша Човиќ, на денешното Собрание на КК Црвена Звезда обелодени дека овој клуб имал разговори и со Пабло Ласо, за екс-тренерот на Реал Мадрид да дојде во Србија.

„Штом слушнавме за расплетот во Реал Мадрид, веднаш се заинтересиравме за Пабло Ласо. Тој беше наш прв избор, стапивме во контакт, но добивме одговор дека здравствената состојба не му дозволува да дојде да работи во Белград“, истакнал Човиќ.

Се вчитува...