ЧСМ Букурешт поуспешен од Будуќност за „бронзата“ на Ф4

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Ланскиот шампион ЧСМ Букурешт ја презеде „бронзата“ во Лигата на шампионите  која во изминатите три сезони беше „резервирана“ за Вардар. Романскиот тим, во мечот за третото место славеше против Будуќност со 20-26 и по вчерашниот пораз од вардарки во полуфиналето ЧСМ Букурешт заврши со утешната „бронза“. За Будуќност ова е уште еден пораз во серија и уште еден неуспеешен настап на Ф4 во кој  втора година по ред останува на последното место во големата четворка.

csm buducnost1

ЧСМ Букурешт во поголемиот дел беше во преднсоѕт и диктираше ритам. Будуќност успеа да се врати во игра, но во серијата грешки и промашување немаше простор за комплетен пресврт. По изедначениот почеток, ЧСМ Букурешт направи серија од 5-0 и се одлепи поведувајќи со 4-9. Црногорскиот тим во овој период тешко доаѓаше до реализација, а серијата грешки беа казнети со сигурна предност на ЧСМ Букурешт. Се до финишот на првиот дел кога Будуќност успеа да се врати во игра. Во последните пет минути од првото полувреме, Будуќност постигна четири гола во серија и успеа да ја намали негативата на еден гол (12-13).

csm buducnost3

Погодокот на Катерина Булатовиќ донесе изедначување на стартот од вториот дел на 13-13, а малку потоа и на 14-14. И повторно како во првиот дел, тука застана офанзивата на црногорскиот шампион. Изабел Гулден ги презеде работите во свои раце, а ЧСМ Букурешт одново се одлепи на +4 (14-18). Во последните десет минути романскиот тим влесе со највисоки +7 и  ја обезбеди победата за 3.место.

Изабел Гулден го предводеше ЧСМ Букурешт со девет гола. На спротивната страна кај Будуќност, Катарина Булатовиќ постигна пет, Ема Расмусовиќ четири, а Кристина Неагу заврши со три гола.

По натпреварот за 3.место, од 17.45 часот во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта почнува финалето за шампионската титула меѓу Вардар и Ѓер.

Се вчитува...