Одбојкарската репрезентација на Србија со неверојатен пресврт славеше над Холандија во мечот од третото коло на Европското првенство.
Српските одбојкари губеа со 0-2 во сетови, беа на работ на пораз, спасуваа меч топки во третиот сет, но на крајот успеаја да триумфираат во пет сета и тоа со 20:25,23:25,30:28,25:15,17:15.
Холанѓаните кои ги освоија првите два сета, беа на чекор до освојување и на третиот, имаа меч топка, но српските одбојкари не се предадоа, кога беше најтешко покажаа карактер, ги спасија меч топките и го продолжија натпреварот бидејќи го добија сетот со 30:28.
Токму третиот сет се покажа како решавачки за промена на текот на мечот, четвртиот сет и припадна на Србија со убедливи 25:15 по што победникот мораше да се одлучува во петтиот сет.
Во него, Србија беше подобра, клучните поени ги одигра подобро и на крајот славеше со 17:15.
По три кола, Србија во групата Ц има пет бода, три помалку од лидерот Финска, додека Холандија го претрпе и третиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
