Чудесен старт: Мбапе даде гол по седум секунди игра против Лил (видео)

Килијан Мбапе го постигна најбрзиот гол во својата кариера откако асот на ПСЖ донесе водство на „светците“ на гостувањето против Лил по само седум секунди игра.

ПСЖ тргна од центарот, Нејмар го проигра Верати, овој ја остави топката за Меси, а Аргентинецот маестрално ја упати топката зад противничката одбрана, каде Мбапе со лоб удар го матираше голманот на Лил.

Мајсторијата на актуелниот првак на Франција крунисана со погодокот на Мбапе можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...