Чудесната акција на Партизан: Кога се гине на терен, чуда се случуваат (видео)

Партизан оствари историска победа над Макаби Тел Авив, за најголем камбек во клупската историја, откако „црно-белите“ се вратија од 24 поени негатива, на крајот славејќи со конечни „плус девет“.

Формулата за успех е сосема едноставна – срце на терен и неоткажување и во периодот на најголема криза. Доказ за тоа е оваа неверојатна акција од третата четвртина, топката требаше да заврши во аут, но Смајлагиќ и Трифуновиќ со неверојатни реакции ја задржаа во поле, за Јарамаз да ја заврши со положување во противничкиот рекет, за експлозија од воодушевување на трибините.

Негативата во тој момент изнесуваше 14 поени, а овие поени дадоа дополнителен импулс за Партизан до крајот на четвртината да го сврти резултатот во своја полза…

Кога се гине на терен, чуда дефинитивно се случуваат…

Се вчитува...