Чудни одлуки на „Камп Ноу“: Барселона бара уште еден играч на Сасуоло

Шпанскиот првак Барселона одлучи да „пазари“ во еден од послабопласираните тимови во Италија, Сасуоло. Како големо изненадување одекна веста дека Кевин Принс Боатенг од калчолигашот се пресели на „Камп Ноу“, а тренерот Ернесто Валверде посакува уште еден играч на Сасуоло да пристигне во неговиот тим. Се работи за Стефано Сенси, играчот за врска кој има 23 години и веќе е цел на неколку големи европски клубови.

За Сенси најзаинтересиран беше Милан, но во последен момент преговорите пропаднаа. Тој има договор со Сасуоло до 2020 година и секако дека повик од Барселона за него би значел огромен чекор напред во кариерата. Според информациите од Шпанија, спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, веќе имал разговори со раководството на Сасуоло и за ангажманот на Сенси. Многу веројатно е дека до крајот на зимскиот преоден рок и тој ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Се вчитува...