Чудни се патиштата ракометни – Мајса Песоа со Вардар го нападна ЧСМ Букурешт, со Ростов Дон го напаѓа Вардар…

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Бразилката Мајса Песоа е една од оние интересни ликови на годинашниот Ф4 турнир. Голманката на Ростов Дон го игра својот трет Ф4 турнир во ЛШ со трет различен клуб и секоја година и се погодува да игра токму против „своите“.

Песоа беше дел од тимот на ЧСМ Букурешт со кој дебитантски стигна до европскиот трон во 2016.  ЧСМ Букурешт беше изненадување на турнирот, но Бразилката „го украде“ шоуто со оргиналната прослава титулата. Голманката златниот медал и го подари на нејзината атрактивна девојка Ники, а фотографиите од нивиот страстен бакнеж станаа хит на турнирот.

Меѓу Букурешт и Ростов, Песоа една година мина и во Скопје на голот на Вардар и лани со „црвено-црните“ играше во финалето на ЛШ против Ѓер. По една сезона, Бразилката го напушти македонскиот шампион и најде нов предизвик во Русија.

Годинава, бразилската голманка патот повторно ја однесе во Будимпешта. На својот трет Ф4 во ЛШ, Песоа ќе настапи со трет различен клуб, овој пат во дресот на Ростов Дон. И во саботното полуфинале, повторно ќе игра против својот поранешен клуб. Лани Песоа со Вардар во полуфиналето за противник го имаше ЧСМ Букурешт. Годинава со Ростов Дон ќе се обиде да го мине Вардар.


Комерцијално видео

Се вчитува...