Чудо од дете: 18-годишник го елиминираше Циципас во трилер завршница!

Младиот Карлос Алкараз го победи Стефанос Циципас со 6-3, 4-6, 7-6, 0-6, 7-6 во третото коло на УС Опен, во еден од најдобрите мечеви во 2021 година.

Алкараз стартуваше со неверојатна брзина и прецизност, успеваше да поентира речиси од сите позиции, па ваквиот пристап кон играта му донесе резултат од 4-0 додека Циципас не знаеше што го снајде. Не беше реално младиот Шпанец да одржува толку високо ниво на игра, но и покрај тоа што пропушти еден брејк, успеа да го преземе водството во сетови.

Кога Алкараз поведе со 3-0 во вториот сет, се почувствуваа проблемитe за Циципас, но и Шпанецот почна да греши, додека Гркот се почесто се повлекуваше на форхендот и со тоа правеше разлика. Стефанос дојде до пресвртница, 4-3 со брејк, а при 5-4 спаси 0-40 со храбра и агресивна игра, и израмни во сетови.

Третиот сет беше „ролеркостер“, оосбено откако Циципас поведе со 5-2, и искористи два брејка предност. Алкараз не отстапи од својот смел стил на игра, дури и по цена на некои промашувања, спаси три сет топки во осмиот гем и на тој начин го започна своето враќање.

Алкараз ги врати двата брејка, потоа при 5-5 во многу долга игра спаси уште две брејк топки, а во таа пауза што следеше беше извонреден. Упати дури три совршени форхенд удари по кои освои поени и една брилијантна бекхенд паралела, за да на крајот обезбеди ново водство од 7-2 и 2-1 во сетови за Алкараз.

Циципас потоа одлучи да искористи пауза и отиде во тоалетот, за што многу се зборуваше претходните денови, но ја научи лекцијата и остана само четири минути. Кога се врати, Карлос потфрли со својот континуитет, а Циципас, со манир на врвен и поискусен играч, истрча низ четвртиот сет со 6-0.

Шпанецот не падна целосно, во последниот одлучувачки сет покажа повторно безпрекорна игра. До крајот на сетот, ниту еден од нив не се соочи со брејк-поени, а Алкараз не отстапи и покрај тоа што двапати сервираше за да остане во мечот. Потоа следуваше кулминацијата на драмата, тај-брејк на петтиот сет.

Се’ запона со асот на Циципас, тој успеа да сервира одлично двапати по ред, но Шпанецот беше првиот што стигна до мини предност, откако поведе со 3-1. Алкараз двапати успешно ја скрати топката, а кога го надмудри Цикипас на мрежата за 6-3, можеше да ја почувствува победата, особено затоа што имаше два од неговите сервиси.

Шпанецот до крај остана бестрашен и го заврши натпреварот со форхенд за најголема победа во кариерата во дуелот кој траеше четири часа и седум минути.

Се вчитува...