Јамал е чудо од дете: На 19 години веќе има 50 гола за Барса

Ламин Јамал со ремек-делото на дуелот против Рајо Ваљекано уште еднаш ја потврди класата, стигнувајќи до својот јубилеен 50. погодок на официјалните натпревари на Барселона.

Тинејџерот има само 19 години, а веќе стигна до бројката од 50 постигнати погодоци за каталонскиот гигант. Тој го прослави јубилејот на возраст од 19 години и 49 дена, уривајќи го рекордот на Килијан Мбапе како најмлад фудбалер што стигнал до оваа бројка.

Ако на тоа се додаде дека има и 45 асистенции, јасно е дека Ламин Јамал е класа сама за себе, а Барса има во своите редови бисер со кој уште долги години ќе атакува на трофеите во сите натпреварувања.

Се вчитува...