Чудо од дете – Нов фантастичен рекорд на Халанд

Ерлинг Халанд на секој натпревар испишува нови страници во историјата од Лигата на Шампионите, а извонредната низа на „чудото од дете“ на Борусија Дортмунд продолжи и на денешниот реванш со Севилја.

Борусија има водство од 2-0 со двата гола на Халанд, со што Норвежанецот стигна до 20 погодоци во елитното европско натпреварување. Импресивен е фактот дека а оваа бројка на Халанд му беа потребни само 14 средби во ЛШ, со што е фудбалер што убедливо најбрзо стигнал до 20 гола.

Само за споредба, на второто место на оваа ранг-листа е Хари Кејн, кому за да стигне до 20 гола во Лигата на Шампионите му беа потребни 24 натпревари. Во Топ 5 рангирањето во оваа категорија нема место ниту за Меси ниту за Роналдо, а зад Кејн се наоѓаат Дел Пјеро (26), Ван Нистелрој (27) и Филипо Инзаги (28 натпревари).

Се вчитува...