Екипата на Палермо ја прекина серијата очајни резултати во Серија А, совладувајќи го составот на Фиорентина со 2-0. Сицилијанскиот клуб веќе е испаднат од елитното друштво, но Несторовски, Трајковски и соиграчите сепак одиграа на ниво, конечно не примија гол на еден натпревар и стигнаа до првата победа по пауза од речиси три месеци (претходно на 5 февруари го совладаа Кротоне со 1-0).
Илија Несторовски го преводеше нападот на сицилијанците, не успеа да се запише меѓу стрелците, а згора на тоа во 82. миинута заработи и незгодна повреда поради која мораше да биде заменет. Првиот гол беше ремек-дело од слободен удар на ветеранот Дијаманти во првото полувреме, а конечните 2-0 ги постави Алесами во судиското продолжение.
Горан Пандев го постигна вториот гол сезонава за Џенова, но неговиот тим сепак загуби со 1-2 на домашен терен од Киево, по двата примени гола во второто полувреме.
Милан со голот на Палета во второто полувреме избегна пораз на гостувањето против Кротоне (1-1), додека Калјари славеше со 1-0 над Пескара со голот на Жоао Педро од пенал.
Резултати Италија:
Рома – Лацио 1-3, Болоња – Удинезе 4-0, Калјари – Пескара 1-0, Кротоне – Милан 1-1, Палермо – Фиорентина 12-0, Џенова – Киево 1-2, Емполи – Сасуоло 1-3.
Alessandro Diamanti Goal HD – Palermo 1-0… by fotliveHaitam Aleesami Goal HD Palermo 2-0 Fiorentina… by FootballLiveGoalsCristian Zapata Goal HD – Crotone 1-1 AC Milan… by LiveFootball28
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА