Филип Хрговиќ ја приреди една од најголемите сензации во светскиот бокс откако рано утринава славеше во борбата за титулата во супертешка категорија.
Искусниот 34-годишен Хрват за ривал го имаше Мозес Итаума, британскиот боксер 13 години помлад од него кој важеше за апсолутен фаворит.
Итаума доминираше повеќе од седум рунди, Хрговиќ во неколку ситуации едвај остануваше на нозе, но кон крајот на осмата рунда стана очигледно дека Британецот губи здив. Иако 13 години повозрасен, Филип најде сила да ја преземе контролата во самиот финиш, во деветтата рунда тргна во офанзива и со серија удари направи чудесен пресврт, принудувајќи го судијата да ја прекине борбата и да му ја додели победата.
REAL LIFE ROCKY 🤯
Filip Hrgović STOPS Moses Itauma in round 9 to become the NEW IBF heavyweight champion of the world‼️ pic.twitter.com/gF7y8AOsSk
— Source of Boxing (@Sourceofboxing) August 29, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
